ВИДЕО I Бостон е на чекор до големото финале, води со 3-0 против Индијана

Кошаркарите на Бостон водат против Индијана во финалето на Источната конференција со 3-0 бидејќи го добија третиот меч со 114:111.

Рекорд на кариерата забележа Ендрју Нембхард со 32 поени, со четири скока и девет асистенции. Меконел постигна 23, а Сијакам и Тарнер по 22 поени.

Кај победничкиот тим Џејсон Тејтум оствари дабл-дабл бидејќи беше најефикасен на мечот со 36 поени и 10 скокови, а Џејлен Браун постигна 24, Хорфорд 23 од кои седум тројки.