ВИДЕО I Бостон поведе со 2-0 во финалето против Далас

Кошаркарите на Бостон во големото НБА финале во серијата подобар во четири поведоа со 2-0.

Селтикси во вториот меч победија со 105-98, иако Далас на спротивната страна го имаше расположениот Лука Дончиќ кој постигна 32 поени , а имаше и 11 скока и исто толку асистенции.

Во екипата на Бостон дури честворица кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.

Холидеј имаше 26 поени и 11 скока, Браун 21 поен и седум асистенции, Тејтум 18 поени и 12 асистенции, додека Вајт исто така постигна 18 поени.

Третиот меч од финалната серија се игра на 13 јуни во 2 часот и 30 минути по полноќ.