ВИДЕО I Далас Маверикс е во големото финале на НБА

Екипата на Далас Маверикс го возврати брејкот и со триумф на гостински терен кај Минесота со 124-103 ја доби финалната серија на Западната конференција со резултат 4-1 и се пласира во големото НБА финале.

Лука Дончиќ го заврши мечот со „дабл-дабл“ од 36 поени, 10 скока и пет асистенеции, пред Ирвинг кој имаше исто така 36 поени, а кај Минесота, Едвардс и Таунс постигнаа по 28 поени.

Настапот во финалето на Западната конференција на Лука Дончиќ му го донесоа МВП-признанието.

Во финалната серија за НБА-трофејот Далас Маверикс ќе игра против Бостон Селтикс. За Далас ова е прв пласман во финалето по 2011 година кога станаа шампиони.