Холивудската актерка Деми Мур (60) моментално летува на грчкиот остров Миконос, а локалните медуми успеале да ја забележат за време на едно ноќно излегување.
Актерката покажа дека и во седмата деценија од животот можете да уживате исто колку што сте уживале и во младоста.
Имено, Мур била снимена како се забавува и танцува на роденденската забава на нејзината пријателка Вероника Пастра. Неминовно е да се забележи дека таа изгледала одлично во својот зелен фустан, оставајќи впечаток дека сѐ уште има младолик изглед.
View this post on Instagram
Ова не е првпат Мур да ја одбере Грција како дестинација за одмор. Таа и минатата година летуваше на островот Паксос, а во 2021 година ја посети Атина со ќерка ѝ Румер Вилис.
Исто така, „холивудската баба“, како што ја нарекоа грчките медиуми, беше забележана неколку дена претходно на една од грчките плажи, каде покажа дека сѐ уште е во одлична форма.
Како потсетување, Мур стана баба на крајот на април годинава, кога ќерка ѝ Румер роди девојче.