Колумбија славеше со 2-1 против Бразил во мечот од петтото коло од квалификациите за Светското првенство (СП), а одличен настап имаше фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз.
Бразилците постигнаа гол за водство во четвртата минута преку Мартинели, но потоа пристигна повредата на Винисиус Жуниор и сè тргна во погрешен правец.
Дијаз стрелаше за 1-1 во 75. минута од натпреварот, а четири минути подоцна погоди за конечни 2-1 и победа на Колумбија.