ВИДЕО I Драматично во светиниколско – Горат куќите, жителите не сакаат да ги напуштат – полицијата присилно ги евакуаира

Во Светиниколско три села се зафатени од пожарите, додека во селото Немањици од пожарот се изгорени една четвртина од куќите, вели градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Младев.

Поголем проблем претставува и одлуката на дел од жителите, соптственици на опожарените куќи, кои одбиваат да ги напуштат огништата, па полицијата мора присилно да ја спроведе евакуацијата и да носи жител по жител на безбедна локација.

Во моментот со огнената стихија се справуваат пожарникари од Свети Николе, доброволци, месното население, пожарникари од Штип, Неготино и Кавадарци и Велес.

На терен е присутна и војската, а еден хеликоптер интензивно ги гаси куќите кои горат во село Немањици.

Градоначалникот Владев информира дека пожар има и во светиниколското село Малино и таму биле зафатени куќи, а гори и во правец на селото Богословец.

Тој посочува дека сите сили се ангажирани и добро е што нема повредени или загинати во овие пожари.

Инаку цело Овче Поле е зачадено и се гледа чад и пламени јазици на неколку локации во овчеполскиот регион.

Директорт на ЦУК Стојанче Ангелов претходно информира дека после попладневните часови 12 села во државава биле зафатени од пожарите на отворено. Станува збор за села во светиниколско, кумановско, пробиштипско и штипско.