Најмалку 27 луѓе загинаа во експлозија и пожар на бензинска станица во Дагестан во јужна Русија. Експлозијата се случи во регионалниот главен град Махачкала, кој се наоѓа на брегот на Каспиското Море.
Во несреќата, чија точна причина не е позната, има и десетици повредени и властите кажаа дека постои опасност од дополнителни експлозии.
„На местото на несреќата се распоредени 260 пожарникари и летало за евакуација на сериозно повредените во Москва. Меѓу загинатите се и три деца“, соопшти руското министерство за вонредни ситуации.
Руските медиуми објавија дека пожарот се проширил на површина од 600 квадратни метри. Неименуван очевидец изјави дека пожарот почнал на паркингот наспроти бензинската станица.
Рускиот Истражувачки комитет соопшти дека „пожарот избувнал при некои работи во сервис за автомобили“, по што уследила гласна експлозија.
Бројот на повредени се искачи на 66, од кои 10 се во критична состојба, јави новинската агенција РИА повикувајќи се на рускиот заменик министер за здравство Владимир Фисенко. Тринаесет од ранетите се деца, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство на Дагестан.
На пожарникарите им требаа повеќе од три и пол часа да го изгаснат пожарот, кој се прошири на површина од 600 квадратни метри, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на руската служба за вонредни состојби.
BREAKING – Russia: A powerful explosion at a service building of a gas station close to an oil depot in the city of Makhachkala, Dagestan. pic.twitter.com/3EapsxcPYo
— Jack Straw (@JackStr42679640) August 15, 2023