Екипата на Феникс Санс славеше над Денвер Нагетс со 117:107 во највозбудливиот меч кој рано утрово се одигра во НБА лигата.
Актуелниот првак влезе во овој дуел со одлична низа на резултати (шест победи) и важеше за фаворит со оглед на тоа што противникот не можеше да смета ниту на еден од најдобрите играчи Девин Букер. Меѓутоа „сонцата“ од Аризона покажаа дека се квалитетен состав кој може да одговори на секој предизвик и дури да победи во домот на шампионот.
Голема борба се водеше во Колорадо, гостите во третиот период водеа и со 22 разлика, но домаќините покажаа карактер, дух и се вратија и го преземаа водството во четвртата четвртина, но Дурент со тројка го однесе мечот во дополнителни пет минути. Во екстра премето Феникс подобро се снајде и со 15-5 дојде до 36 славје во шампионатот.
Дурент реализираше 35 поени со 8 скока и 5 асистенции, Ален додаде 28, додека Бил 16 кошеви. Мареј беше прв стрелец кај поразените (28), Јокиќ пак имаше дабл-дабл од 25 поени и 16 скокови.
Лука Дончиќ пак четврти меч во низа испорача трипл-дабл учинок за Далас Маверикс, но трет пат во серија неговиот тим загуби, овојпат од Индијана Пејсерс со 137:120. Словенецот беше автор на 39 поени, собра 10 скока и испорача 11 асистенции, меѓутоа немаше доволна поддршка од соиграчите за разлика од противникот кој одигра избалансирано, тимски и дури девет играчи беа двоцифрени.
Резултати:
Шарлот – Орландо 89:101
Бруклин – Филаделфија 112:107
Кливленд – Бостон 105:104
Мајами – Детроит 118:110
Њујорк – Атланта 100:116
Торонто – Њу Орлеанс 98:139
Хјустон – Сан Антонио 114:101
Далас – Индијана 120:137
Денвер – Феникс 107:117 (прод.)