(ВИДЕО и ФОТО) Човек се запали пред Белата куќа

Вистинска драма се одиграла околу пладне по локално време во средата недалеку од Белата куќа во Вашингтон кога човек се запалил и трчал по тревникот додека не реагирала полицијата од паркот.

На непознатиот маж на лице место му е укажана прва помош но со сериозни повреди е префрлен во најблиската болница.

Во соопштението на Тајната служба на САД се наведува дека службениците реагирале во рок од неколку секунди и дека мажот е пренесен во болница.