Вулканот на островот Стромболи еруптираше во средата и ослободил жешка лава во силна експлозија при што загинало едно лице кое било во туристичка посета, а ерупцијата ја обвила со облак од чад оваа туристичка дестинација, соопштија локалните власти и сведоци.
Лицето за кое се верува дека е турист, загинало во одрон на камања во текот на прошетка, изјавил за медиумите еден од спасувачите. Уште едно лице е повредено.
Неочекуваната ерупција предизвикала пожари на западот од ова медитераснко островче, сместено северно од Сицилија. Повикани се противпожарните единици од блиските местам додека канадер е веќе активен на тоа подрачје.
Експертот од италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), Стефано Бранка, рекол дека на островот се случиле „пароксизмални ерупции“, кога магмата под висок притисок експлодира од плоток подземен резервоар. „Тоа се настани со голем интензитет и се многу ретки“, рекол Бранка за Reuters.
Туристите често се искачуваат на 924 метри високиот вулкан и ѕиркаат во неговиот кратер, а малите распарчени карпи редовно излетуваат во височината. Не е познато дали имало некого над кратерот во моментот на експлозијата. На интернет страницата geology.com се наведува дека на Стромболи се наоѓа едне од најактивните вулкани на планетата кој често еруптира од 1932 година.
https://www.youtube.com/watch?v=rWWifKNawRk