ВИДЕО и ФОТО| Израел го открил „најголемиот тунел на Хамас“ близу границата со Газа

Израелската војска објави дека открила невообичаено голем бетонски и опасан со железо тунел направен за пренесување автомобили на борците на радикалното исламистичко движење Хамас од Газа сѐ до границата со Израел.

Уништувањето или онеспособувањето на стотици километри подземни премини и бункери е една од целите на офанзивата којашто Израел ја покрена откако Хамас изведе незапаметено смртоносен брутален напад во јужен Израел на 7 октомври.

Хамас тогаш нападна погранични бази на израелската војска и го нападна граничниот премин Ерез. Само стотина метри јужно од контролниот пункт војската на новинарите им го покажа излезот од тунелот за кој вели дека е главниот проект на Хамас.

Тунелот се спушта дијагонално до длабочина од 50 метри, а има и електрични приклучоци. Премините се широки и високи три метра. Тунелот е најголемиот и најдолгиот во Газа што некогаш го открила израелската војска, според која директно го поврзува врвот на северна Газа со Џабалија кон јужниот крај на северна Газа и минува речиси исклучиво низ цивилни области.

Главниот портпарол на израелската војска, контраадмиралот Даниел Хагари изјави дека тунелот е долг четири километри, па преку него можело да се дојде до градот Газа, каде што беше седиштето на власта на Хамас, кој сега е опустошена воена зона.

„Ова е најголемиот тунел којшто го пронајдовме во Газа… наменет за гаѓање на преминот (Ерез). Милиони долари се вложени во овој тунел. Години биле потреби да се изгради овој тунел. Возила можеле да минуваат“, рече Хагари без да прецизира дали Хамас го користел за нападот од 7 октомври.

Тунелите коишто досега ги прикажуваа Хамас или израелската војска главно беа тесни и ниски, дизајнирани за движење на вооружени лица пешки. Тунелот кој на новинарите им го покажа Хагари, пак, има окна кои се спуштаат вертикално, што според него сугерира дека е дел од поширока мрежа.

Тунелите се предизвик за израелските инженерски единици кои се загрижени дека во нив можеби Хамас ги крие заложниците. Според оценките на медиумите, овој факт ја забавува израелската офанзива.

Извори од израелската војска рекле дека тие го идентификувале тунелот како поврзан со Мухамед Синвар од различни разузнавачки елементи, вклучително и од видео надзорот на Хамас, врз кој подоцна израелската војска ја презела контролата, пишува весникот The Jerusalem Post. Еден од челниците на Хамас, сепак, не се криел во тунелот од почетокот на војната.

Израелската војска го открила и почнала да го расчистува тунелот уште пред повеќе од еден месец, но тој бил толку обемен и имаше толку многу нивоа и пречки, како што се минирани премини, што не биле подготвени да го претстават пред медиумите до последните денови.

Откриен е од мешавина на специјалната единица за справување со тунелската мрежа на Хамас, наречена Јахалом, инженери и редовна пешадија кои работат заедно со различни технологии и разузнавачки информации за да ја мапираат неговата целосна широчина.

Едно од окните од тунелот се приближува на 400 метри од преминот Ерез. Покрај таа блиска точка, тунелот се дели на многу подтунели, опремени со тешка, подлабока механизација за копање тунели со која израелската војска поретходно не се сретнувала во Газа/
Покрај тоа, тунелот има различни приклучоци за електрична енергија, водовод, комуникации, возила, обемно вооружување и врати против за експлозија дизајнирани да го блокираат или забавуваат секој напредок на израелските сили.

Израелската воска проценува дека специјалните единици за копањето на тунелите биле донесени од Кан Јунис за да го прошират тунелот длабоко во северниот дел на Газа што чинело милиони долари.

Израелската војска не пронашла знаци дека израелски заложници биле држени во тунелот како што беше во болницата „Рантиси“, пишува натаму The Jerusalem Post. Сепак, откако во болницата „Рантиси“ беа откриени траги од престој на заложниците во тамошниот тунел, се чини дека Хамас станал повнимателен за отстранување на таквите траги.

Исто така, ако заложниците само еднаш беа преместени низ тунелот за да ги однесат од север во јужниот дел на Газа, можеби нема да има толку многу траги како во болницата „Рантиси“, каде што изгледа дека биле задржани на едно место подолг период.

Израелски воен извор додал дека и двајцата браќа Синвар одлучиле да вложат огромни количества ресурси во тунелот за терор наместо во училишта и други институции, од кои би можеле да имаат корист цивилите во Газа.

„Ќе продолжиме да ги гониме терористите на Хамас над и под земја, на секое место и нема да има место“, рече тој.