(ВИДЕО и ФОТО) Калифорнискиот земјотрес направи расцеп видлив од Вселената

Земјотресот со магнитуда 7,1 по Рихтер кој ја погоди американската сојузна држава Калифорнија минатиот петок, создал раседлина на површината на Земјата, која може да се види од Вселената, пишува порталот SFGATE.

Според информациите на телевизискиот канал, раседлината формирана во близина на епицентарот на подземните удари, е регистрирана на сателитските снимки на компанијата „Planet Labs“. Покрај тоа, за промената на конфигурацијата на теренот сведочат и пукнатитините мба делови од калифорнисните автопати. Во врска со тоа, во моментов е затворен еден од автопатите на кој се вршат поправки, информира телевизијата.

Земјотресот со јачина на 7,1 по Рихтер во 3 часот по локално време во петокот ја погоди јужна Калифорнија, и беше втор силен потрес кој за една седмица го погоди овој дел од Соединетите држави. Како резултат на тоа, околу 200 илјади жители останаа без електрична енергија, а неколку лица беа повредени.