(ВИДЕО и ФОТО) Ким пристигна во Сингапур на самитот со Трамп

© AFP 2018 / Adek Berry

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун пристигна во неделата во хотелот „Сент Реџис“ во Сингапур, каде што тој и неговата делегација ќе престојуваат во текот на одржувањето на состанокот на врвот со американскиот претседател Доналд Трамп, објави изданието Straits Times.

Ким слетал на сингапурскиот аеродром „Чанги“ и веднаш се упатил во хотелот, јавува Channel News Asia. Американскиот претседател Доналд Трамп е најавено дека ќе пристигне неколку часа по доаѓањето на севернокорејскиот лидер, од Канада каде што учествуваше на самитот на седумте најразвиени земји Г7.

Претходно јужнокорејската новинска агенција Yonhap објави дека Ким Џонг-ун полетал од Пјогнјанг за Сингапур со авион на една кинеска воздухопловна компанија.

Снимка од пристигнувањето на Ким Џонг-ун не е објавена. Но изданието Straits Times објави видео на коешто се гледа како колоната на севернокорејскиот челник минува покрај трговскиот центар Тангол Мол, кој се наоѓа во близина на хотелот „Сент Реџис“. Објавена е исто така снимка, од пристигнувањето на автомобилот на Ким пред влезот во хотелот. Автомобилот го придружуваат телохранители кои што трчаат покрај лимузината. Вакви безбедносни мерки беа преземени и на меѓукорејската средба, кога покрај автомобилот на Ким трчаа 12 телохранители.

Поворката на Ким во Сингапур ја придружувале и 20 мотоциклисти и исто толку дипломатски и полициски автомобили. По пристигнувањето на предниот влез од хотелот, колоната била затскриена зад специјален параван, подигнат од безбедносни причини. Движењето на улицата е повторно слободно, јавуваат агенциите. Набрзо потоа, автобус за кој се претпоставува дека го превезувал личното обезбедување на Ким, а брои околу 50 луѓе, пристигнал во истиот хотел.

Се прецизира дека лидерот на Северна Кореја ќе се движи низ Сингапур со сопствен блиндиран мерцедес „Mercedes S600 Pullman“. Во март годинава, ова возило беше користено за време на неговата посета на Пекинг. Ким Џонг-ун, со истото возило пристигна и на меѓукорејскиот самит на крајот од април во пограничното место Пунџанмон,

Пристигнувањето на Ким официјално го потврди министерот за надворешни работи на Сингапур, Вивијан Валакришнан. „Му посакувам добредојде на претседателот Ким Џонг-ун“, напиша тој на својот профил на Twitter. Притоа објави фотографија како се ракува со севернокорејскиот лидер.

Самитот на челниците на САД и Северна Кореја ќе се одржи во вторникот утрото во хотелот „Капела“. Тоа ќе биде првата средба на севернокорејски лидер со актуелен американски претседател.

Сингапурските власти издвоија за организација на самитот околу 20 милиони сингапурски долари, околу 14,9 милиони американски долари. Како што изјави претходно во неделата Ли Ксиан Лун, овој настан ќе помогне за зајакнување на позицијата на земјата на меѓународната сцена.

„Што се однесува до директниот ефект, самитот ни дава препознатливост. Овој факт, дека сме избрани за место на одржување на самитот, а ние не го баравме тоа, говори за односите на Сингапур со овие земји и за нашите позиции во меѓународната заедница“, рече шефот на владата Ли.

„Кога двете страни побараа од нас да бидеме домаќини на овој самит, не можевме да одбиеме. Ние сме способни да го спроведеме ова, потрошивме за тоа одредени ресурси, но можеме да направиме многу добра работа“, додаде сингапурскиот премиер.

Говорејќи за трошоците, Ли Ксиан Лун реле, дека според многу, тие се соодветни за настанот. „Подготвени сме да платиме за самитот, ова е нашиот придонес кон меѓународната заедница, за којашто нашата земја е многу заинтересирана“, сумира премиерот на Сингапур.