(ВИДЕО и ФОТО) Кинески младоженец на бизарен начин ѝ се одмазди на неверната невеста

Младоженец во Кина на невообичаен и брутален начин ѝ се одмаздил на невеста која го изневерувала срамотејќи ја на самата свадбена свеченост, пренесува Daily Mail повикувајќи се на локалните медиуми.

Мажот долго врме се сомневал во неверството на неговата идна сопруга, па затоа во нејзиниот дом инсталирал скриена камера. Во текот на свадбената прослава тој на гостите на голем екран им покажал видео на коешто била снимена неговата невеста во неверство со сопругот на нејзината родена сестра, која според медиумите била во шестиот месец од бременоста.

„Ти мислеше дека јас ништо не знам?“, прашал младоженецот. Наместо одговор, вџашената партнерка наместо одговор го гаѓала со невистинскиот букет.

Видеото било поставено на интернет и за неколку дена станало вирално поделувајќи ги корисниците на социјалните мрежи на два табора. Некои веруваат дека ова се случило и приложуваат коментари, а други, пак, сметаат дека некој решил на овој начин да рекламира нова видео-апликација.