ВИДЕO и ФОТО| Кипар добива помош за справување со најголемиот шумски пожар во историјата

Грција, Италија, Израел и Велика Британија во неделата испратија помош вклучително и во протвпожарни авиони, одговарајќи на апелите на Кипар за справува со огромниот шумски пожар, кој властите го опишуваат како најголем во историјата на земјата.

Купарските власти во неделата вечерта соопштија дека сметаат оти напорите помогнале за набалување на разгорувањето на стихијата, но предупредуваат дека пожарите може да се обноват. Во неделата претходно беше потврдено дека четири лица загинале во пожарите, засилени од силен ветер.

Жртвите, за кои се верува дека се египетски државјани, пронајдени се мртви во близна на местот Одос, планинска населба северно од градовите Лимасол и Ларнака. Нивните тела биле најдени на околу 600 метри од изгорено визило за кое се смета дека е нивно. Според локалната полиција, се чини дека тие успеале да излезат од возилот но останале заробени меѓу пламените јазици.

„Сѐ упатува на тоа дека тоа се четирите лица кои од вчера беа пријавени како исчезнати“, изјави кипарскиот министер за внатрешни работи Никос Нурис.

Пожарот се прошири низ јужната област Лимасол и ги принуди властите да го евакуираат целото население од неколку села. Според првичните процени, во стихијата уништени се 50 квадратни километри шума и земјоделско земјиште во подноќјето на планинскиот синџир Тродос, а уништена е далноводната мрежа. Пожарнирите во неделата се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот во Националниот шумски парк Мачариас, со борова шума и каде што е еден од највисоките врвови на Купар.

„Станува збор за најлошиот шумски пожар во историајта на Кипар“, изјави за локалните телевизии, директорот на Одделот за шуми, Хараламбос Александру.

Шефот на службата на Европската комисија за справување со кризи, Јанез Ленарчич, претходно во сабоата изјави дека во тек е „кооридиниран одговор“. Сателитот на ЕУ за вонредни состојбо „Коперник“ исто така, е активиран за да се проценат штетите на погодените области.

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес го опиша пожарот во подножјето на Тродос како „трагедија“. Во објавата на Twitter напиша дека ова е „најголемиот пожар од 1974 година“, алудирајќи на поделбата на овој средоземноморски остров по инвазијата од Турција проследена со загуби на животи.

Во меѓувреме полицијата уапси 67-годшен маж под сомнение дека подметнат пожар. Очевидец пријавил дека го видел човекот како се оддалечува од селото Аракапас, североисточно од Лимасол, истовремено кога започнал пожарот во саботата, објави полицијата.

Кипар целата седмица е под ударот на топлотен бран, со температури кои достигнуваат и до 40 Целзиусови степени.