Кошаркарската планетарна ѕвезда Лука Дончиќ, еден од најдобрите играчи во американската НБА лига, покрај со своите бравури на теренот вниманието на јавноста го привлекува и со својот приватен живот.
Luka’s jeep is so tuff 🔥#MFFL pic.twitter.com/Xov8m7tJ9Y
— MFFL (@Mavs_FFL) September 27, 2023
Така, оваа седмица Дончиќ стана вест поради исклучително невообичаениот автомобил со кој пристигна на подготовките со својот клуб Далас Маверикс за претстојната сезона.
Неговото „милениче“ е всушност на шест тркала а е под ознаката „Apocalypse Hellfire 6×6“ и всушност претставува вистонски тенк на тркала. Теренското возило со шест тркала се заснова на моделот „Jeep Gladiator 6×6“, но со бројни измени и додавки.
Се движи на гуми со димензии од 22 цола, во кабината нуди кревет, камера којашто препознава топлински сигнали во распон од осум километри, а сите делови во интериерот се водоотпорни.
Го придвижува 6,2-литарски V8 мотор од 750 KS, а зависно од спецификациите на опремата, цената се движи од 150 до 250 илјади долари.