Во ураганот Ета загинале и исчезнале најмалку 180 луѓе во Централна Америка, по што тој ослабел во тропска бура, но се очекува повторно да зајакне и да се закани на Куба, Јамајка и Флорида.
Се проценува дека во Гватамала загинале околу 150 луѓе, изјавил темошниот претседател Алехандро Џаматеи на прес-конференција.
Домородечкото село Куеха, на северот од Гватемала, речиси целото е затрупано во одрон на земјиштето. Поплавите и отсечените патишта ги спречуваат спасувачите од четврткот да дојдат до селото, но една воена единица успеала да се пробие и започнала потрага по преживеаните, додал претседaтелот Џаматеи.
Ета, која до вторникот стаса на копното на карипскиот брег во Никарагва како силен ураган од 4-та категорија, со ветер кој дувал со брзина од 140 километри на час, постепено слабееше минувајќи низ Никарагва и Хондурас. Силните дождови кои ги донела, погодија шест земји во Централна Америка.
Се очекува ураганот во недела да стаса на Куба, соопшти американскиот институт за набљудување на ураганите NHC. Невремето им се заканува и на југоистокот на Мексико, на Јамајка, Кајманските острови и на југот од Флорида.
Quiero decirle a los guatemaltecos que no están solos, estamos unidos y este momento lo superaremos juntos. Tengo fe que nos vamos a levantar, porque nuestra voluntad es más grande que cualquier desastre natural. #FuerzaGuate 🇬🇹#NadieSeQuedaAtrás pic.twitter.com/zFWoZtwXls
— Alejandro Giammattei (@DrGiammattei) November 6, 2020
Seguiremos con las labores de rescate de cada familia y cada guatemalteco. Unidos saldremos de esta emergencia. #FuerzaGuate#NadieSeQuedaAtrás pic.twitter.com/59p2YnJm6S
— Alejandro Giammattei (@DrGiammattei) November 6, 2020