Најмалку 20 лица, меѓу кои и деца, се убиени, а уште 26 други се ранети, од кои едно дете, во ракетен напад на украинската војска врз цивилни цели во одметниот проруски источен регион Доњецк, сооопштија властите на самопрогласената Доњецка Народна Република, пренесе во понеделникот Россия 24, цитирајќи го лидерот на проруските милиции Денис Пушилин.
„Луѓето стоеја на автобуската станица… Меѓу загинатите има и деца.. Тоа е монструозно, но тоа е денешна Украина и нешто со што треба да се справиме и колку побрзо се случи тоа, толку помалку жртви и разорувања ќе има“, рече Пушилин.
Според овие информации, ударот бил изведен со ракетните повеќецевни системи „Точка-У“, а еден од проектилите бил соборен над милионскиот Доњецк во близина на зградата на тамошната „влада“ во центарот на градот.
Пушилин истакна и дека проектилот со кој бил изведен ударот содржел касетно полнење, коешто е забрането, и дека доколку не бил соборен ќе имало несразмерно повеќе жртви.
„Украинските вооружени формации уште една го употребија тактичкиот ракетен систем Точка-У за гаѓање станбени областеи на Донецк со цели да зиведат геноцид врз цивилното население и да уништат клучна цивилна инфраструктура“, се вели во соопштението на властите во Донецк објавено на Telegram каналот.
Противпожарните екипи работата на расчистување на опожарените остатоци од автомобили и урантините од зградите