(ВИДЕО и ФОТО) Најмалку 20 настрадани во експлозија на гас на Флорида

Најмалку дваесет луѓе се ранети во експлозија на гас во градот Плантејшн на југот од американската сојузна држава Флорида, пренесе локалнито телевизиски канал WPLG повикувајќи се на шефот на противпожарната служба Џоел Гордон.

Во извештајот се истакнува дека двајца од дваесетте повредени се здобиле со сериозни повреди. Се додава дека најмногу е оштетена сала за вежбање. „Експлоzија на гас…. повеќе пациенти“, твиташе противпожарната служба од Плантејшн, околу педесетина километри северно од Мајами.

Според информациите на локалните медиуми, експлозијата се случила во многу посетуваниот преку викендите трговскиот центар „Fountains“. Се емитуваат снимки на згради без прозорци и лом на блиската улициа и на паркиралиштата.

Полицијата објави дека сите продавиници и канцеларии во близина на местото на експлозијата се затворени до завршување на истрагата и расчистување на областа.