Снимка од моментот, како што се претпоставува, кога од страна на белоруските безбедносни сили на 10-ти август е убиен Алескандр Тараиковски, учесник на антивладините протести во Минск, беше објавена во саботата.
Видеото го објави каналот на телеграм-сервисот Euroradio, е монтирано од две снимки направени од различни агли.
На снимката, маж со висококренати празни раце оди кон коридорот на безбедносните сили. Во еден момент се забележува блесок, веројатно од истрел. Деманстрантот застанува, се тетерави и по неколку секунди паѓа.
Според соопштението на белоруското министерство за внатрешни работи, мажот го загубил животот додека се обидувал да фрли импровизирана експлозивна направа кон полицијата.
Претходно агенцијата Associated Press објави стоп-кадар од видеото, на кој, како што тврди авторот на снимката, е документиран моментот на загинувањето на Тараиковски.
Денеска во белоруската престолнина Минск беше погребан демонстрантот, а на неговото последни испраќање се собраа илјадници Белоруси, главно поддржувачи на опозицијата.
Минатата недела во Белорусија се одржаа претседателските избори, на коишто според официјалните резултати актуелниот претседател Александр Лукашенко го освоил шестиот мандат со 80,1 отсто од гласовите, додека неговата најголемата опоненткја Светлана Тихановска освоила 10,12 отсто од гласовите.
Опозицијата не ги признава овие резултати и обвинува за изборна кражба, а самата Тихановска пребега во Литванија. Во неделата вечерта во Минск и другите поголеми градови избувнаа протести за кои Лукашенко изјави дека биле координирани од лица од Велика Британија, Полска и Чешка.
Белоруската полиција жестоко одговори на протестите, со употреба на солзавец, водени топови, гранати за зашеметување и гумени куршуми, а имаше и директни физички пресметки со демонстрантите.
Според непотврдени информаци на протестите до денеска има две жртви, а полицијата ја потврдува само смртта на Тараиковски. Притоа, наведвуа дека се повредени 121 полицаец, а речи 7.000 лица се приведени, од кои за 90 се отворени кривични дела.
Лукашенко во саботата обвини за странско учество во немирите во Белорусија и во телефонскиот разговор по негово барање со рускиот претседател Владимир Путин изразил стравување за смислени провокации со кои е загрозена безбедноста на неговата земја, целејќи на Меѓудржавниот сојуз Русија и Белорусија. Официјална Москва не ги потврдува објавите од Минск дека притоа Лукашенко побарал поддршка и помош во обезбедувањето на безбедноста во земјата.