САД ја осудуваат „бруталната тактика“ на Русија против „мирните демонстранти и новинари“, тврдеше во неделата американскиот државен секретар Ентони Блинкен, откако медиумите пренесуваат дека руската полиција привела повеќе од две илјади луѓе на забранетите протести ширум земјата.
Блинкен побара ослободување од притворот на Алескандар Навални, кого Западот настојува да го издигне како водечка фигура на руската опозиција, иако поради неговиот поранешен неиспешен политички излет нема голем рејтинг и ниту политичка партија. Навални води фондација финансирана од странски извори која се занимава со корупција во руската политика, но првенствено е насочен против Кремљ.
„САД ја осудуваат постојаната примена на бруталните тактики кон мирните демонстранти и новинари кои руските власти ги спроведуваат веќе втора седмица со ред. Повторно ја повикуваме Русија да ги пушти на слобода оние кои се притворени против остварувањето на своите човечки права, вклучително и Алексеј Навални“, објави Ентони Блинкен на Twitter.
Руските власти, по минатонеделните судири со демонстрантите како и злоупотребата на многу малолетни тинејџери на протестите минатата недела, како и поради епидемиолошката ситуација во земјата, ги забранија протести. Полицијата превентивно ги затвори приодите кон центрите на градовите и кон поважните локации.
ОВД-инфо, набљудувачка група за следење на човековите права и политички прогон во Русија, исто така, финансирана од странство, соопшти дека полицијата досега привела 4.132 лица ширум земјата кои сакале да учествуваат на протестите, од кои 1.220 во десетмилионската Москва Според московската полиција се собрале повеќе од две илјади лица, вклучително и бројни претставници на медиумите, кои поради блокирањето на приодите кон лока циите кои ги одредиле, блокирале приоди кон станици на метрото и булевари.
На неодобрениот протест во Москва полицијата повторно ја приведен сопругата на Алексекј , Јулија Навална, според нивните соработници кои за тоа објавија на социјалните мрежи. Таа, како и другите приведени минатата седмица на протестите, беа ислободени по неколку часа минати во полициските станици.
Навали беше приведен на 17-ти јануари, по враќањето од Германија каде што се лекуваше од наводното труење со нервен агенс во Русија. Нему му е одреден 30-дневен притвор поради кршењето на одредбите од условното ослободување за неколку дела. Руските правосудни власти, имено, повикувајќи се на објавата на германските лекари за датумот кога Навални бил целосо излекуван од наводното труење, сметаат дека го надминал периодот кој поради лекувањето му бил стопиран во кој треба да се јавува пред правосудните органи.