(ВИДЕО и ФОТО) Торнадо го опустоши северен Далас, илјадници останаа без струја

Торнадо мина низ делови од северен Далас во неделата ноќта, поради што без електрична енергија останале над 100.000 домаќинства и деловни објекти, а одложени се летовите на регионалните аеродроми, соопоштија властите.

Невремето зад себе остави разорни траги во Далас, погодувајќи го блискиот аеродром на север од градот, објави метеоролошкиот центар на државната служба во Колеџ Парк Мериленд во понеделникот. Аеродромот DFW преку Twitter објави дека летовите се одложени најмалку до 12,30 часот по локално време во понеделникот.

Центарот додава дека се укинати сите предупредувања за налет на торнадо, како и дека нема нови предупредувања за поплави. Сепак, телевизијата NBC5 јавува дека едно торнадо го погодило северото на Далас набрзо по повлекувањето на предупредувњето.

Спорд имформациите на властите и весникот Dallas Morning News нема смртно настрадани, како и повредени, но полицијата и пожарникарите одат во од врата до врата во некои квартови и ја проверуваат состојбата.

„Имаше точно едено торнадо кое ја погоди областа во 21 часот. Видовме, исто така, град со големини на топче за голф и за бејзбол во некои области“, ијавил Дејвид Рот и додале дека торнадото било силно и дека дури преку ден ќе може да се проценат штетите.