ВИДЕО и ФОТО| Запленетиот кокаин доволен за 30-годишно снабдување на Нов Зеланд

Новозеландската полиција соопшти во средата дека запленила количество кокаин доволно Нов Зеланд да се снабдува со наркотикот следните 30 години, откако пресретнала голем пакет кој плутал во Тихиот Океан.

Началникот на новозеландската полиција Ендрју Костер изјави за медиумите дека уловот на 81 бали кокаин со 3,2 тони на уличниот нарко-пазар имал вредност од 316 милиони долари.

„Ова е најголемото откривање на забранети дроги коешто го спроведоа новозеландските агенции со одредена маргина“, рече Костер.

Новозеландските власти веруваат дека дрогата е фрлена на „пловечка транзинтна точка“ во Тихиот Океан каде што требало да биде преземена и пренесена во Австралија.

Фотографиите на полицијата покажуваат дека огромниот улов бил врзан со мрежа и е прекриен со жолти пловки. Некои од балите имале симбол на „Бетмен“, а пакувањата со кокаин од внатрешната страна се означени со знак кој наликува на детелина со четири листа.

 

„Веруваме дека тоа било наменето за Австралија, каде би бил доволен за снабдување на пазарот за една година. Тоа е повеќе отколку што Нов Зеланд би го консумирал за 30 години“, посочи Костер.

Пловило на новозеландската морнарица го пресретнало пакетот кој плутал стотици километри северозападно од Нов Зеленд, делумно благодарејќи и на разузнавачките податоци од разузнавачкиот сојуз „Пет очи“.

Децениски старата шпионска мрежа „Пет очи“ (Five Eyes, FVEY) за споделување разузнавачки информации и изведување шпионски акции ја сочинуваат САД, Канада, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд.

Началникот Костер инцидентот го опиша како „голем резултат“ а полициите и на Нов Зеланд и на Австралија.

„Ова откривање несомнено претставува голем финансиски удар за јужноамериканските производители и дистрибутери на овој производ“, додаде Костер но другите новозеландски функционери велат дека не е познато од каде дошла дрогата и оти е прерано за таа информација.