ВИДЕО I Голем пожар во индустриската зона во Истанбул

Голем пожар избувна во фабрика за кожа во индустриска зона во Истанбул и за многу кратко време зафати огромна површина, а пожарникарите веќе неколку часа не можат да го стават под контрола.

Пожарот избувнал околу 13 часот по локално време во индустриската зона Тузла во Истанбул, објави турската телевизија ТРТ Хабер.

На местото на настанот се испратени противпожарни возила, многу опрема и противпожарни екипи.

„Според првичните сознанија, во пожарот нема жртви или повредени. Се преземаат неопходни мерки за да се спречи ширењето на пожарот во шумската област“ – ​​се вели во соопштението на гувернерот на Истанбулската област.

Турските медиуми објавија дека од местото на пожарот од време на време се слушаат експлозии и дека има црни облаци чад на небото.