Селекцијата на Јужна Африка е последниот полуфиналист на Африканскиот куп на нации (АКН), откако по голема борба и изведување пенали ја елиминира репрезентацијата на Зеленртски острови (0-0 по регуларниот дел).
Херој кај Јужноафриканците беше голманот Ронвен Вилијамс, кого во својата држава го нарекоа Спајдермен со оглед што успеа да одбрани дури четири пенали. Ова е четврти пласман меѓу четирите најдобри на АКН, а во претходните три е и шампионската титула во 2000 година.
Јужна Африка во полуфиналето ќе игра против Нигерија, која во петокот ја победи Ангола со 1-0, додека во второто полуфинале ќе играат домаќинот Брегот на Слоновата Коска, кој во саботата по продолженијата го совлада Мали со 2-1 и ДР Конго, кој во петокот ја победи Гвинеја со 3-1.