ВИДЕО I Хаос во Даблин, демонстрантите се судрија со полицијата по информациите за прободени деца

Демонстранти запалија полициски автомобил и два автобуса и се судрија со полицијата вечерва во Даблин, откако по социјални мрежи се појавија непроверени информации дека напаѓачот кој повреди со нож три лица во градот е странски државјанин.

Шефот на полицијата Дру Харис ги осуди „срамните сцени“ во близина на местото на нападот и предупреди да не се шири „дезинформации“.

Две деца на возраст од 5 и 6 години и маж на возраст од 50 години беа повредени денеска во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин. Повредените се хоспитализирани во различни болници низ градот. Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е уапсен и дека нападот не е извршен од терористички мотиви.