![raketen napad](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/raketen-napad.jpg?resize=696%2C331&ssl=1)
Израелската војска соопшти дека движењето Хезболах истрела околу 200 проектили од Либан, каде Израел започна копнена офанзива против проиранското исламистичко движење на југот на земјата.
– Околу 200 проектили истрелани од терористичката организација Хезболах денеска ја преминаа границата од Либан кон Израел – се вели во армиското соопштение.
Тие проектили беа истрелани најмногу кон северот на земјата, а предупредувачките сирени се огласија во текот на утрото во регионот.