Најмалку 50 лица се повредени по „инцидент“ на летот на „Латам Ерлајнс“ (LATAM Airlines) од Сиднеј за Окленд.
За време на летот се појавил технички проблем што предизвикал леталото нагло да почне да понира, јавуваат локалните медиуми.
Од Брзата помош соопштија дека на лице место биле прегледани и укажана им била помош на околу 50 лица, од кои едно било во тешка, а останатите во умерена или полесна состојба.
Emergency services have rushed 1103024,to Auckland International Airport after a major incident involving a LATAM Airlines plane that departed from Sydney (Australia) pic.twitter.com/CzFHcHk2lr
— john l (@Maeestro) March 11, 2024
Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, додаваат од Итната медицинска помош.
Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ слета на аеродромот во Окленд според планираното во понеделникот попладне по локално време.
Авионот вообичаено застанува во Окленд на пат до Сантијаго, главниот град на Чиле.
„Латам Ерланјс“ има редовни линии меѓу Сиднеј, Окленд и главните центри во Јужна Америка.