На претстојниот самит на НАТО нема да има покана за Украина за членство во Северноатлантската алијанса, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, во разговор со познатите руски „пранкери“ Вован (Владимир Кузњецов) и Лексус (Алексеј Столјаров), кои му се претставија како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.
Камерон во разговорот вели дека Украина нема да добие покана за НАТО на самитот во јули: затоа што САД се против, а Зеленски не треба ни да се расправа со оваа одлука.
Tој му кажал на украинскиот претседател Володимир Зеленски да покаже благодарност за поддршката на Алијансата за Украина и дека не треба да има спор меѓу НАТО и Украина пред самитот.
Во меѓувреме, министерот рече дека го поддржува потенцијалното членство на Киев во алијансата.
Британецот го пофали Макрон за неговата ревност: „Французите сега се полни со ентузијазам. Но, мислам дека нешто треба да се направи за да се осигураме дека ќе ја завршат работата“. Но, и покрај ова, се покажа дека Британија приватно ги убедувала француските власти да не поттикнуваат понатамошна ескалација, имајќи ги предвид изјавите за испраќање војници во Украина. Министерот е сигурен дека тогаш „Путин ќе има нова мета“.
Камерон во разговорот раскажа и за приватна вечера со Трамп, на која се разговарало за тоа поранешниот американски претседател да им дозволи на републиканците да гласаат за испраќање воена помош за Украина.
Камерон не разбрал каква позиција зазема Трамп, но верува дека „ќе сака да ја поддржи победничката страна“.
Камерон кажа и дека казахстанскиот министер за надворешни работи му рекол дека „Украинците умираат за Казахстан, а тоа е добро за нив“, наводно согласувајќи се со британскиот став дека Русија има големи планови за северот на неговата земја.
Камерон, исто така, вели дека Велика Британија е „ревносен сојузник на Украина“ и дека помошта за земјата нема да престане, дури и кога новата лабуристичка влада ќе дојде на власт. Но, премногу зависи од САД, кои не се доволно вклучени, како и Германија.
Погледнете го целосно разговорот: