ВИДЕО I Ковачевски бордер шоу

Премиерот Димитар Ковачевски имаше свое „бодер шоу“ (за границите) на  Преспа форумот за дијалог во Струга.

За кратко време од неговата уста се изговараше зборот бродер, а тоа на социјалбите мрежи беше дочекано со многу мемиња и коментари.

Ковачевски се „запали“: Не ни требаат овие луди граници на Балканот!

„Ние не треба да заборавиме дека ЕУ има две граници, едната е надворешната граница на ЕУ и втората е внатрешната, а тоа е со земјите од Западен Балкан. Тоа е границата која што во иднина, до 2030 година сите заедно треба да направиме да не постои повеќе.

На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа ни се потребни единство и стабилност, за да можеме да зборуваме за поединечните и заедничките перспективи и ова е првото нешто што мора да се има предвид.

Ние работиме во рамки на иницијативата Отворен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес, ги истакнуваме придобивките од формирањето заеднички регионален пазар, признавањето на дипломите, на работните дозволи, на олеснетите движења на луѓе, добра и услуги – но секогаш пред нас ќе ја имаме примарната цел – соединувањето во европското семејство на народи и држави.

Војната на европскиот континент го вклучи алармот дека само обединета Европа, заедно со Западен Балкан во неа – е стабилна и безбедна Европа. Сè друго е дел од решението, а не и самото решение, што е потребно за сите нас.

Во овој процес треба да се стимулира и поддржи затворањето на билатералните прашања, секаде каде што е тоа потребно. Затоа што, видовме дека соработката меѓу две држави е мотивација за поширока соработка, исто како што конфликтот меѓу две држави е тригер за пошироко недоразбирање, што го покажа со своите одрази руско-украинската војна.

Добро е што регионот, па и Европа го имаат Преспанскиот договор како добар модел за функционална демократија, којшто промовира решавање отворени прашања преку отворен дијалог меѓу страните“, рече Ковачевски на Форумот.