ВИДЕО I Крик и солзи на Лесор откако се лизна по дефанзивниот скок

Матијас Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда на натпреварот од 17. коло на Евролигата против Басконија. Францускиот центар на почетокот на третиот период се лизна при слетување по дефанзивен скок, по што му се повреди левата нога.

Иако степенот на сериозноста на повредата си уште не е познат, само со гледање на снимката јасно се гледа дека ситуацијата не е безопасна. Напротив. За тоа сведочат врисоците на неговите фанови кои ечеа низ атинската сала, додека сите од трибините немо гледаа, а некои и низ солзи.

Лесор на крајот се довлечка со едната нога до соблекувалната каде беше подложен на понатамошен третман додека се чекаат нови информации за неговата состојба.

Повредата настана во момент кога домашните имаа предност од над 20 поени против гостите од Виторија.