![tpacaka skupi skendija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/tpacaka-skupi-skendija.jpg?resize=696%2C366&ssl=1)
Дербито на македонскиот фудбал меѓу Шкупи и Шкендија повторно понуди немили сцени. Ако претходно ваква беше ситуцијата во Тетово, сега е во Скопје, затоа што по голот на Шкендија, навивачи влетаа на терен и се се случи хаос.
Летаа факли, пиротехника и шок-бомби, мораше да реагираат полицијата и специјалците затоа што ситуацијата се движеше кон ескалација на безредијата. Се тепаа навивачи со фудбалерите, удираа и едните и другите, на теренот во скопски Чаир владееше вистински хаос.
Инцидентите на „Чаир“:
Дербито во моментов е во прекин, фудбалерите на Шкендија не се на терен, не се знае дали воопшто ќе продолжи.