ВИДЕО I Локализиран пожарот во велешко

Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска (02.08.2023) беше на висина на задачата, учествувајќи во локализирање на пожарот кај велешка Отовица.

Пожарот беше пријавен дека настанал во 13:40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица „Отовица”.

Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода.