ВИДЕО I Манчестер Сити извлече бод во 98. минута во дербито на претендентите за титулата

Фудбалерите на Манчестер Сити попладнево ремизираа 2:2 против Арсенал во петтото коло од Премиерлигата.

Сити поведе во деветтата минута преку Ерлинг Халанд и тоа беше негов 100-ти гол за клубот откако дојде од Борусија Дортмунд пред 2 години.

На тој начин го израмни рекордот на Кристијано Роналдо кој постигна 100 гола на 105 натпревари за Реал Мадрид, откако дојде од Манчестер Јунајтед.

Арсенал израмни со голот на Рикардо Калафиори во 22. минута, а лондонскиот тим поведе со голот на Габриел во првата минута од судиското надополнување на првиот дел.

Бод за актуелниот шампион донесе Џон Стоунс во осмата минута од судиското надополнување.

Арсенал играше со десет играчи во вториот дел, бидејќи Леандро Трошар го доби вториот жолт картон во осмата минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Сити се врати на првото место на табелата со 13 бодови и има бод повеќе од Ливерпул и Астон Вила, додека Арсенал е четврти со 11 бодови.