За разлика од воведниот натпревар против Шпанија, Модриќ одигра на високо ниво против Албанија и покрај тоа што Хрватска киксна играјќи 2-2.
По мечот Модриќ во микс-зоната одговараше на новинарски прашања, но не му се допадна едно од шпански новинар, па си замина.
Новинарот го прашал Модриќ на шпански, дали на одлучувачкиот последен меч во групата за Хрватска ќе играат млади или стари фудбалери.
Кога играчот на Реал Мадрид го слушна прашањето, си замина.