Глутница кучиња нападна домашен миленик и маж кој го шеташе на поводник во скопската населба Аеродром. Од вознемирувачката снимка, која ја добија повеќе портали, се гледа како сопственикот беспомошно се обидува да го спаси своето куче од глутницата, со викање, тргање и мафтање, додека тие го напаѓаат.
– Му го изедоа кучето на човекот, ексик веќе! – се слуша на снимката.
Грижата за бездомните кучиња во Скопје е должност на Градот и на јавното претпријатие „Лајка“. Според информациите на жители на Аеродром, овие кучиња немале жолти обетки, кои означуваат дека се кастрирани.