Откако тој се повреди на 31 јануари, Сикерс одиграа четири меча, во првиот победија, а потоа претрпеа три порази, кој од кој поубедлив. Ноќеска на домашен терен загубија од Голден Стејт со 104-127 и сега во прашање е доведен дури и директниот пласман во плејинот бидејќи седмопалсираниот Мајами заостанува само две победи во однос на Филаделфија која е на петтото место.
Во првата четвртина домаќините нека се држеа, дури и водеа, но вториот и третиот период Голден Стејт ги доби со вкупен резултат 76-46 и со тоа го реши победникот на овој натпревар. Предноста на Вориорс во еден момент достигна и 30 поени разлика. И покрај победата, Голден Стејт и натаму е надвор од плејин зоната, на 11. место со биланс од 23 победи и 25 порази.
Интересно е тоа што Стеф Кари го заврши натпреварот со само девет поени, а шутна едвај седум пати за 25 минути во игра. Најефикасен беше Вигинс со 21 поен и 10 скока, а Куминга и Томпсон реализираа по 18. Кансил ја предводеше Филаделфија со 18 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Торонто 117-123
Вашингтон – Кливленд 106-114
Бостон – Атланта 125-117
Мајами – Сан Антонио 116-104
Филаделфија – Голден Стејт 104-127
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 106-117
Сакраменто – Детроит 120-133