ВИДЕО I Најмалку десетмина загинати во експлозија на бензинска во Дагестан, Русија

11 лица се повредени, се вели во соопштението објавено на Телеграм, пренесе Анадолија. Експлозијата се случила пред регионалниот главен град Махачкала. Пожарникарите го ставиле пожарот под контрола.

Осум лица се во болница, од кои едно е во тешка состојба, изјави претставник на Министерството за здравство за руските новински агенции.

Дагенерго, регионалниот енергетски оператор, објави дека експлозијата оштетила „енергетски објекти“ и дека снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато во околните населби.

Истражниот комитет отвори кривична истрага за утврдување на околностите на инцидентот.