Денвер славеше пред сопствената публика, надигрувајќи го Феникс со 118-102. Едноставно, си ја искористи предноста на домашен терен за сигурна партија и за водство од 3-2 во серијата, која ќе продолжи во Феникс, за два дена.
Никола Јокиќ постигна 29 поени, 13 скока и 12 асистенции, што е негов десетти трипл-дабл во плејоф натпреварите, најмногу од кој било друг центар во историјата на лигата. Кевин Дурент му беше најблизок конкурент со 26 поени и 11 скока.
Филаделфија, за таа разлика, оствари уште поважна победа, на гостувањето кај фаворизираниот Бостон, со 115-103 и сега води 3-2, пред шестиот меч кој го игра на домашен терен и со кој може да го комплетира триумфот. На Бостон синоќа не му помогна ни добриот настап на Џејсон Тејтум, со 36 поени и 10 скока. Кај 76-ките, Жоел Ембид имаше 33 коша, а Тајрис Макси 30.