Лука Дончиќ пред два меча имаше нестварна партија и влезе во посебно друштво во НБА лигата со билансот од 73 поени, но ова утро, словенечката ѕвезда имаше нова историска изведба во победата на Далас.
Маверикси направија пресврт против Орландо и победија со 131:129, меч на кој Дончиќ забележа 45 поени, 9 скокови и 15 асистенции. Словенецот режираше нови чудесни потези на овој натпревар и ги воодушеви фановите со својот репертоар, дури и во ситуација кога поените не важеа.
Дончиќ погоди неверојатна тројка од својата половина на истекот на првото полувреме, а иако поените не важеа поради звукот на сирената, ѕвездата на Далас со тоа ја најави страшната партија во продолжение.
Лука постигна 26 поени во второто полувреме, а со вкупно 45 се погрижи за нова НБА историја, бидејќи стана првиот играч кој некогаш одиграл два натпревари на кои имал повеќе од 45 поени и 15 асистенции. Маестро Лука го направи тоа на мечот со Феникс, а сега по вторпат ова утро против Орландо.
За да дојде до израз балканската доминација во НБА лигата, победа утрово забележа и Никола Јокиќ, кој пак со нов трипл-дабл потврди дека повторно е главен фаворит за МВП титулата.
Србинот го заврши мечот против Милвоки со 25 поени, 16 скокови и 12 асистенции, учинок со кој беше клучен за триумфот од 113:107 над „елените“. Јанис на спротивната страна уфрли 29 поени, а најефикасен на мечот беше Мареј со 35.
НБА резултати:
Шарлот – Њујорк 92:113
Кливленд – ЛА Клиперс 118:108
Бостон – Њу Орлеанс 118:112
Бруклин – Јута 147:114
Мајами – Феникс 105:118
Хјустон – ЛА Лејкерс 135:119
Мемфис – Сакраменто 94:103
Оклахома – Минесота 101:107
Сан Антонио – Вашингтон 113:118
Далас – Орландо 131:129
Денвер – Милвоки 113:107
Портланд – Филаделфија 130:104
https://twitter.com/IsoHeavy/status/1752186926117847375?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1752186926117847375%7Ctwgr%5E8c5d85924e12d271db3a5d172689da1fe80c2b20%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fbalkanska-dominacija-vo-nba-nova-istoriska-partija-za-donchikj-jokikj-so-tripl-dabl-podobar-od-adetokumbo-video%2F
Every player in NBA history with multiple 45 PTS & 15 AST games:
— Luka Dončić (since Christmas)
— Nobody else ever. pic.twitter.com/pyNFUEojUD— MavsMuse (@MavsMuse) January 30, 2024