ВИДЕО I Нова снимка од осомничената терористка во Турција, се гледа како доаѓа на „Таксим“

Уште една, досега необјавена снимка на која се гледа осомничената за бомбашкиот терористички напад во Истанбул, во моментите кога таа пристигнала на плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на улицата „Истиклал“, каде се случи нападот.

Истанбулската полиција ја објави снимката од надзорна камера на која се гледа како осомничената терористка, Сиријката Ахлам Албашир, која според властите го поставила експлозивот, доаѓа на плоштадот „Таксим“ и заминува непосредно пред експлозијата.

На видеата може да се види дека жената пристигнала на познатиот плоштад во 15 часот и 17 минути по локално време, шетајќи по улицата со ранец на грбот и пластична кеса во раката.

https://twitter.com/N1infoSA/status/1592921170290311169?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1592921170290311169%7Ctwgr%5E1d07438ab1575144abec70a27507395a230ede6d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fvideo-ushte-edna-snimka-od-osomnichenata-teroristka-vo-turcija-se-gleda-kako-doagja-na-taksim%2F

Албашир беше уапсена следниот ден, а потоа полицијата приведе и 50 други луѓе кои се осомничени за вмешаност во нападот. Турските власти тврдат дека извршители се организациите на сириските Курди, потпомогнати од нивни истомисленици од Турција.