ВИДЕО I Новинар во живо на телевизија се соочи со бомбардирање во близина на болница во Рафа

Израелските сили продолжуваат со жестокот бомбардирање на Газа. Ракетите во еден од нападите завршија во близина на болницата во Рафа. Ова можеше да се види во јавувањето во живо на репортерот на телевизијата Ал Џезира.

„О, боже мој. О, боже мој повторува во видеото репортерот кој се засолнува во моментот на ударот.

Тоа е болницата се слуша како вели неколку пати додека трае нападот, а јавувањето во живо не е прекинато.

Според информациите од Миннистерството за здравство на Газа досега се убиени 20 илјади луѓе во енкалвата. Се позасилени се повиците за прекин на огнот, се зголемува притисокот над Израел со оглед на бројните цивилни жртви. Дел од проценките велат дека околу 80 проценти од загинатите се цивили.