![tanker eksplozija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/tanker-eksplozija.webp?resize=696%2C370&ssl=1)
Екипажот на танкерот бил евакуиран ден претходно, а претходните напади врз танкерот, исто како вчерашната огромна експлозија, им се припишуваат на јеменските исламистички милитанти, Хутите.
Сунион носел 150.000 тони сурова нафта. Доколку нафтата од танкерот што се уште плови заврши во Црвеното Море, тоа ќе биде еколошка катастрофа.
Хутите, кои ги контролираат најнаселените региони во Јемен, во четвртокот признаа дека го нападнале танкерот со нафта „Сунион“ во Црвеното Море еден ден претходно. Исламистичката група, која е поддржана од Иран, со месеци напаѓа бродови, како што тврдат, во знак на солидарност со Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Газа.
Грчкиот министер за поморски работи го осуди нападот како флагрантно кршење на меѓународното право.
Хутите тврдат дека дејствуваат како поддршка на Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Тие тврдеа, честопати лажно, дека таргетирале само бродови поврзани со Израел, САД или Британија.
Нив не ги одврати распоредувањето на западните воени бродови во Црвеното Море, ниту американските и британските воздушни напади на територијата што ја контролираат во северозападен Јемен. Израел, исто така, минатиот месец го бомбардираше пристаништето Худајда како одмазда за смртоносниот напад со беспилотни летала врз Тел Авив.
Танкер „Сунион“, долг 274 метри и широк 50 метри, носел сурова нафта од ирачкото пристаниште Басра кога бил нападнат, пренесе Индекс.