ВИДЕО I Јокиќ со нов историски потфат против Голден Стејт

Денвер Нагетс на крилја на Никола Јокиќ и новиот неверојатен трипл-дабл учинок, овој пат проследен со 32 поени, 16 скокови и 16 асистенции ја запиша третата последователна победа откако славеше на гостински терен кај Голден Стејт.

За Србинот тоа беше трет трипл-дабл во кариерата со повеќе од 30 поени, 15 скокови и 15 асистенции со што го надмина легендарниот Вилт Чемберлен на втората позиција. Повеќе вакви натпревари во историјата од Јокиќ има само Оскар Робинсон кој 11 пати остваруваше ваков учинок.

Од останатите натпревари, за издвојување е тешкиот пораз на Далас на гостувањето во Индијанаполис, каде играчте на Индијана успеаја да ги неутрализираат 33-те поени на Лука Дончиќ и да победат со 133:111.

Одлична вечер имаше и Јусуф Нуркиќ кој во победата на Феникс над Клиперс (123:113) забележа дабл-дабл со 18 поени и 22 скокови, додавајќи и седум асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филделфија – Милвоки 98-119, Вашингтон – Кливленд 105-114, Атланта – Орландо 109-92, Хјустон – Оклахома 110-123, Њу Орлеанс – Чикаго 106-114, Јута – Сан Антонио 128-109, Портланд – Шарлот 80-93, ЛА Клиперс – Сакраменто 107-123