ВИДЕО I Паѓаше дожд, но и тупаници меѓу навивачите на Турција и Грузија

Пред почетокот на натпреварот од првото коло од групната фаза на Европското првенство во Дортмунд дошло до конфликт меѓу навивачите на Турција и Грузија.

Турските навивачи се надалеку познати како едни од најстраствените навивачи кога се во прашање клубовите и репрезентациите во сите спортови, а фановите на Грузија се чини дека не се разликуваат.

https://twitter.com/footbalIfights/status/1803079971419677041

Пред почетокот на натпреварот, дел од навивачите на двата тима се степале на трибите.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како фановите си фрлаат пијалоци, а од двете страни биле фрлени неколку удари.

https://twitter.com/hooliganscz1999/status/1803081546691231944

Дождот кој врне во Дортмунд предизвика и водопад на стадионот.