Ансамблот за народни песна и ора „Танец“ интензивно се подготвува за големиот празник Илинден.
На Мечкин Камен ќе се виат македонски ора, ќе се пеат македонски песни.
Илинден, Денот на Републиката е најголемот државен празник на Република Македонија и се прославува на 2 август, кој воедно е и голем верски празник.
На Илинден се поставени темелите на македонската државност.
Ансамблот „Танец“ е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура повеќе од шест децении. Тој е културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјава и светот.