На социјалната мрежа Икс е објавено видео од моментот кога денеска наутро автомобил излета од патот и заврши во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје.
Според тоа што може да се забележи на видеото, возилото најверојатно доаѓа од правец на Народна банка, но наместо да сврти кон мостот „Мајка Тереза“ со голема брзина продолжува право, ја пробива оградата на мостот и завршува во речните води.
Среќа е што нема повредени други учесници во сообраќајот со оглед дека на видеото се гледаат автобус на ЈСП и други возила меѓу кои „прелетува“ автомобилот што е вон контола.