ВИДЕО I Погодена рафинерија во Русија – се слушнале експлозии, има повредени

Пожар избувна во реонот на нафтена рафинерија во рускиот град Рјазан и во моментот се гаси, потврдија оперативните служби за државната новинска агенција Тасс.

„Веројатна причина за пожарот е пад на дрон“, изјави извор од оперативните служби.

Итната помош пристигнала на местото на настанот. „Две лица се пренесени во локалната болница во средно тешка состојба и се хоспитализирани на Одделот за трауматологија“, соопштија од болницата.

Пожарот зафатил 100 квадратни метри. Руските Телеграмски канали јавуваат дека очевидци слушнале три експлозии. Според извори, гори инсталацијата на разменувачот на топлина. Се појавија повеќе снимки, вклучително и онаа на која се гледа како Русите неуспешно се обидуваат да соборат еден од беспилотните летала.

По експлозиите и пожарите во рафинеријата за нафта, локалните жители забележале нови беспилотни летала како летаат над градот. Во исто време, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, извести дека 45.000 луѓе останале без електрична енергија во областа Шебекин поради ноќен напад со беспилотни летала.