Германските власти ја прекинаа потрагата по дивото животно, бидејќи не нашле докази дека се работи за лавица, пишува Би-би-си, повикувајќи се на претставници на берлинската локална самоуправа.
Полицијата два дена трага по избеганата лавица откако граѓаните пријавиле дека на улиците виделе животно кое личи на голема мачка. Откако разговарале со експерти, тие сега веруваат дека, сепак, станува збор за дива свиња.
Во областите, каде наводно била забележана лавицата, не биле пронајдени отпечатоци од шепи или ДНК материјал, како животински измет кој би укажувал дека е во прашање лавица или друга голема мачка, пишува Би-би-си.
Полицијата денеска соопшти дека смета дека видеото кое кружи на интернет од областа Клајнмахнов е автентично, но дека не се работи за лавица.
German police are asking people near Berlin to stay inside after a big cat, believed to be a lion, was seen pic.twitter.com/1tspcIikrQ
— BNO News (@BNONews) July 20, 2023
Претставници на полицијата велат дека двајца полицајци го виделе животното на околу 20 метри во четвртокот вечерта и го идентификувале како лавица. Сепак, тие веќе не се сигурни во тоа.
Еден експерт за берлинската локална радио станица RBB изјави дека, судејќи според снимката, животното повеќе личи на дива свиња, што е вообичаено во регионот.
Претходниве денови беше засилена потрагата по животното, а во текот на ноќите беше прекинувана по препорака на експерти, поради слаба видливост.