ВИДЕО I Потпретседателот на хрватската влада снимен како пука од автомобил, МВР го истражува случајот

Хрватските медиуми објавија видео клип од кој се гледа како министерсот за земјоделство и потпретседател на владата на Хрватска Јосип Дабро пука девет истрели од пиштол ХС-2000 низ отворен прозорец додека се вози во својот автомобил.

По тој повод се огласи и Владата на Хрватска и соопшти дека Дабрел изјавил дека снимката настаната пред неговото преземање на должноста министер, пренесува Индекс.хр.

„Ваквото постапување и употребата на огнено оружнје го оценуваме како непримерно и неодговорно. За тоа ќе биде извршен разговор со г. Дабре. Надлежните тела ќе ги спроведат со закон пропишаните дејствија со цел да се утврдат сите околности на овој случај“, стои во соопштението на хрватската влада.